volk

Панде Манојлов: Бајка

ВОЛКОТ РИЦАР

 

Многу, многу дамна,

во мало едно, наше село,

во долината оваа рамна

се случи ова на дело.

 

Селото беше мошне мало,

куќи, дваесетина на број,

децата јадеа леб и сало

сиромашки, но од горд сој!

 

Јунак имаше в тогај, еден!

Над јунаците – јунак, борач

работник беше тој вреден

најдобар во селото орач!

 

Еден ден, в зори црни,

глас некаков тој слушна

надвор, кајшто дожд врни,

виде нешто кај се мушна.

 

Од креветот полека стана,

туфек пушка, в раце фати,

” Добра е, рече, нема мана,

ќе пукам со неа со саати!”

 

И ластегарка една чапна

чапна со чатали и рошка!

Кога некој, в двор стапна

ќе плаче тој ко црна вошка!

 

Наведнат, под амбар ѕирна

животинче виде диво

родено од мајка мирна

со кожувче меко, сиво!

 

Да е куче , куче не е…

Ниту на мече, тоа личи,

исплашено е, солзи лее,

глас пушта ко да квичи!

Гледа јунак и се чуди:

– Живинче е некое, диво

дошло мене да ми суди

штом влакното му е сиво.

 

Нема ѕверче кај да бега!

Свршено е, му дојде крај!

Ќе нанишанам добро, сега,

и ќе оди во небесен рај!-

 

–Јунаку немој, аман, стој!

Немој да маваш со лушка,

овците, сите ти се на број

не пукај, ниту со таа пушка!

 

Еве, гледај, јас сум волк!

Но не сум како сите волци

туку сум со скршен колк

од удари со стотина колци!

 

Добар сум и умен, знај,

во мене крв црвена тече

на рицари од овој крај,

таа силно тука и ме влече!

 

Мојот татко беше крал

на ова село, на овој крај,

имаше тука дворец мал,

што блескаше сиот в сјај!-

 

Го гледа Гоце, јунак млад,

го гледа така, волкот мал,

ранет, стуткан тој во лад,

се смири, му падна жал…

 

–Дојди, волчко, дојди тука!

Нема лошо да ти сторам,

со пушката нема јас да пукам,

туку за животот ќе се борам.

 

Пополека, ајде сега стани,

во прегратки да те гушнам,

да ти лечам тешки рани,

приказните да ти слушнам.

 

Со сто маки, волчко стана.

Од очи тој солзи топли лее,

го боли длабоката рана,

болката во неа сеуште тлее.

 

Во куќатата влегоа стара.

Волчко во креветот легна

а јунакот наш нешто бара

со завој тој, рана му стегна!

 

Минаа така месеци два–три!

Се излечија и болки и рани,

стравот веќе негде се скри:

волчко можеше и да стани.

 

Радост од младешкото лице

на јунак Гоце, свети и блика!

А волчко, ко глувчето Мице

со другарот сака да се слика!

 

Верни другари, станаа тие,

го делеа лебот и креветот еден:

кога едниот во него спие,

другиот работи и е вреден…

 

Секој ден во планина вјасат,

за на зима дрва суви сечат

и стадо овци заедно пасат,

песни пеат, в долови што ечат.

 

Еден летен сончев, убав ден,

седнати во ливадата цветна

под жолт, расцутен висок дрен:

Гоце јунак, со умот негде летна:

 

–Рицару, пријателу мил ем драг,

и ти гледаш како време мине,

годините мои, минаа веќе праг,

да се женам сакам, кралски сине!

 

Но, која ли мома, ваков ќе ме сака,

сиромав за нигде

…
cace

Славица Дабевска Ќировска: СТУДЕНА НОЌ

Февруарска студена ноќ

снежни соспи облија трепки,

мразулци осветлија пат

тешки воздишки и стравичен грч

патот од краток, ноќва е долг…

Молбен глас екна в темнина

по човекот идол да ме чека.

Страв чекорот го успори,

стегна душа и изусти на глас:

„Чекај ја нашата прегратка“

„Чекај аманет, да слушнам“!

Снегот го враќаше борбениот од

храбро чекорев по него…

Болнички мирис врати надеж.

Се слушна болен извик:

„Чувајте го моето сугаре“!

Втренчено остана тело во одаја.

Замаглено око и солза ме дочека.

Прегратка остана за на век,

последна солза кладов душа.

Татковата солза водилка е моја,

око замаглено ме прати и денес.

Молбен поглед секое утро,

aнгели да го чуваат ликот редок.

mica

Милица Бакрач: ДВОБОЈ

Уместо речи и тихог зова,

уместо гласника писмоноше,

уместо двобоја Љермонтова,

уместо Сунца, Пролеће лоше

прогнано негде, на крај Сибира,

пупоље моли да се забели.

Преклиње песму да нађе мира.

И Руку, правду да нам подели.

Пуцај. Шапуће срце ми лудо!

Десети корак још је далеко.

Смеје се време. Секунда. Чудо,

Кажипрст бежи са обарача!

Кроз нишан видим, како мој неко,

волим те, рече, кроз облак плача.

sneze

Снежана Алексиќ Станојловиќ: БЕЛЕ БРЕЗЕ

Мисли ми трепере

као лист трске

на поветарцу

у поигравању

неминовности

и немоћи.

Провлачим се

кроз трње

и оштро камење

у настојању

да одбацим бреме

свих узалудних свитања.

Свлачим кошуљицу

попут змије

скидајући са себе

прљавштину и гној.

Пљујем залогај

давно заглављен

у мом грлу.

Узвраћам смешак

белим брезама

које на новом путу сретох…

pande

Панде Манојлов: КАДЕ?

Талкаш, лунѕаш некаде.

Одиш кајгоде, секаде.

Било каде и никаде !

Дури џенем и отаде,

таму каде битисот јаде!

Кога никој не те кани,

запри малку, застани!

Сега, помни, не е лани:

еден ти наоѓа маани,

друг ти отвора рани…

trajce

Трајче Кацаров: ЗА БОЛЕСТА И РАСКАЖУВАЧИТЕ

(по примерот на Хармс)

Коце Капале раскажал на Кице Курле дека е болен. Кице Курле не му поверувал зашто не видел никаква трага од болеста на лицето на Коце Капале. Сепак за неговата болест раскажал на  Спиро Урда. Овој не му поверувал зашто не можел во раскажаното  на Кице Курле да најде причина поради која Коце Капале би бил болен. Сепак стокмил  приказна и ја раскажал на Дуле Сурла. Овој не му поверувал зашто не можел во раскажаното  на Спиро Урда да најде причина поради што Коце Капале би бил болен. Сепак стокмил приказна и ја раскажал на Симо Беља кој исто така не му поверувал.

Болеста од еден на друг се ширела, се ширела без да се најде  болен и некој кој на приказната ќе и’ поверува. На крајот кога немало повеќе кој за болните да прикажува, болеста се самоизолирала и почнала да тажи.  Знаела таа дека времето не се враќа назад, ама без болните не може ниту да се повтори.

Зумбер Бесни му кажал на Томе Потни дека завршил светоот. Овој не му поверувал оти не можел да најде причина поради која Зумбер Бесни би му кажал на Томе Потни дека завршил светот.