Оживува љубовта кон него.
Александар Прокопиев: ХАИКУ
Пет ноќи празен
домот остарел
за цела година.
*
Солза на дланка.
„Чувај се од вода, синко“ –
му вели гатачката.
Трајче КАЦАРОВ: НЕ ТРЕБА ДА СМЕ БЛИСКИ
Ама живот во бракот ќе немаме!
Трајче КАЦАРОВ: НЕМОЈ ДА КАЖЕШ НАВИСТИНА НЕМОЈ ДА КАЖЕШ
љубовна робија.
Мирослава Бадаревска (псевдоним Викторија Македонска): БАЈКИ ВО СТИХОВИ
бајката ми заврши.
Христо Петрески: КОНДУРИ
Видов еден човек со две леви кондури на нозете
И просто се чудев како можел левата кондура
Да ја обуе на десната нога кога големиот прст
Е кај малиот прст и подобро пресечи го отколку да влезе лесно
Знам дека има луѓе на кои срцето им е од десната страна
Но небото никогаш не е под туку над облаците
И затоа попусто шетав низ градот барајќи го човекот
Со две исти такви кондури но десни и на двете нозе
А подобро ќе беше веднаш да тргнев кон продавниците
За чевли и да прашував случајно да не почнале
Да продаваат само по две исти кондури и за двете нозе
А само јас да носам една лева и замислете друга десна кондура!
Скопје, 29.4.2020 година
Ранко Павловић (Бања Лука, Република Српска): СОНЕТИ
ПТИЦА
Има грло, срце и лак као дашак
мали грумен перја. Скакуће, цвркуће:
Колико сам своја, толико сам ваша,
док у њеном оку свјетлуца свануће.
Некад под прозором, а понекад у сну,
птичица ме пјесмом у дјетињство води.
Када се звијезде на модрини згусну,
жицом њеног гласа хрлим ка слободи
Кљуном срче небо, потом га у плавет
ведре пјесме враћа. Тад срце задрхти,
таласи цвркута све пред собом плаве.
Кад се у хор стопе заносни цвркути,
и онај што терет свог усуда прти,
поруку небеса у души ће чути.
ЈОГУНАСТИ ДАН
Зна понекад дан да се узјогуни,
па ти пркоси, ти сасвим излуђен.
Март ли је, април, већ презрели јуни?
Од самог себе постајеш отуђен.
Сморен дан, као пребијено псето,
посрће, тромо своју сјенку вуче.
Мисао тмурну питаш откуд све то,
које је доба – сутра, данас, јуче?
Тумара јутро, с њим врлудаш и ти.
Снено је подне, улицом посрће.
Безвољно вече. Какав ли ћеш бити
кад инат прође, питаш ноћ звјездану,
насмијан мјесец, раздање што свиће.
И радујеш се новом ведром дану.
НА ХИРУРГИЈИ
Сводом већ лута његова сјена
вечерњу дозу таблета док гута,
кошмарна мисао разливена
дуж непознатог небескога пута.
Тај крај прозора, празнога погледа,
броји пахуље као прошле дане,
топе се, њежне, и њима, изгледа,
сутрашњи дан ће тешко да осване.
Нож, скалпел, ласер – у ткиво помисли
оштро продиру сјајним сјечивима.
Пада ноћ, дуга. А пипци притисли
морске немани што страх сије свуда.
Човјек у углу инфузију прима,
вјерује, у њој капљице су чуда.
САН О УСКОТРАЧНОЈ
Ускотрачном пругом што кланцем вијуга,
мој воз са теретом тандрче и стење,
а живот, дахћући, као вјерни слуга,
скакуће крај пруге, обара камење.
Зашто ускотрачна, зарђалих шина,
натрулих прагова, са много тунела?
Грешник ли сам велик? Да ли је истина
да је моја нада насред пруге свела.
Све сан ли је само? Игра мрачних сила?
Сјећање на биће у ком сам пребив’о,
у коме је некад моја душа била?
Свањива. Ведрина. Прозор сав позлаћен.
Сунце буди наду, није баш све сиво.
Насмијано јутро нову снагу даће.
КАД СЕБЕ СРЕТНЕШ
Кад сам себе сретнеш и погледаш боље
загонетно лице, у душу завириш,
немој да останеш без жеље и воље
да откриваш тајну, видике да шириш.
У лавиринт страшни смјело закорачи,
не плаши се ако сретнеш чудовишта,
можда ћеш постати сигурнији, јачи,
а можда и нећеш срести страшно ништа.
Загонетан свијет свуд је око тебе,
највећа си ипак себи загонетка.
Знам, осјећаш да ти срце дрхти, зебе,
плашиш се истине о сопстеном бићу.
Када спознаш себе, крени испочетка,
кажи: Сад сам нови, такав одсад бићу.
ПРОЗОР
Устајем рано, с лица стресам снове
и споро крећем у сусрет самоћи.
Узалуд чекам изазове нове.
Препознати их да ли ћу узмоћи?
Вирус, карантин, страшна пандемија…
Зидови сикћу и зјапе празнином.
Заћутао дан, ћутим са њим и ја,
крв у мени ври, чезне за даљином.
Ево ми спаса! Прозор насмијани
мами ведрином, видике отвара,
нуди сав свијет са птицом на грани.
Бијаше ли ту тај прозор раније,
нудио ли је то обиље жара?
Можда је био, а можда и није.
Биљешка о аутору
Ранко Павловић (1943, Шњеготина Горња, код Теслића) живи и ствара у Бањој Луци.
Свестран је књижевни стваралац. Пише пјесме, приповијетке, романе, драмске текстове, есеје и књижвну критику за одрасле, затим пјесме, приче, романе и драмске текстове за дјецу. Бави се књижевном критиком и есејистиком.
До сада је објавио деветнаестзбирки пјесама, осамнаест збирки приповиједака, пет романа, двије збирке есеја, књигу књижевних критика и десет радио-драма за одрасле, затим осамнаест збирки прича за дјецу, шест збирки пјесама за најмлађе, два романа за младе, десетак играних текстова за дјечја позоришта и петнаестак радио–игара за дјецу.
Завод за уџбенике у Источном Сарајеву објавио је његова Изабрана дјела.
Заступљен у читанкама, лектири и многим антологијама. Његове пјесме и приповијетке превођене су на италијански, пољски, мађарски, енглески, румунски, бугарски, њемачки, холандски, шведски, руски и друге језике.
Награђиван је значајним признањима за књижевност, међу којима су и награде Кочићева, „Кочићеве књига“, „Скендер Куленовић“, „Лаза Костић“, „Пјесник – свједок времена“ Сарајевских дана поезије, „Гордана Тодоровић“, Удружења књижевника Републике Српске за књигу године, Подружнице Удружења књижевника и града Бања Лука за књигу године, „Пјесма над пјесмамам“, „Станко Ракита“, „Гордана Брајовић“, „Совица“ за најбољу књигу за дјецу, „Исак Самоковлија“, „Григорије Божовић“, „Веселин Маслеша“ и многе друге.Додијељене су му повеље Удружења књижевника Србије и Удружења књижевника Републике Српске за животно дјело, затим Награда Академије Иво Андрић за животно дјело.
ИНТЕРВЈУ СО ВИКТОР РАДУН ТЕОН
Виктор Радун Теон е универзитетски професор, економист, филозоф, книжевник, критичар, преведувач од Нови Сад (Србија).
Прашања:
1. Детството и младоста како првични врвици, предизвици и предодредености за понатамошниот пат и успех;
2. Животниот пат и професионалната определба во матичната средина, но и надвор од неа;
3. Сцили и Харибди; премрежиња и препреки, но и професионални успеси и животни радости;
4. Што е за Вас најголем успех и како се стигнува до него (преку Вашето животно и професионално искуство);
5. Кои се личностите кои пресудно влијаеле на Вас;
6. Што е она што го подготвувате (работите) денес во Вашата секојдневна творечка и креативна работилница и лабораторија: со што најново сте преокупирани, што планирате, на што се воодушевувате, што Ве храбри и бодри, а што Ве загрижува и обеспокојува;
7. Ваша порака за читателите, современиците и идните генерации…
8. Предложете успешни личности кои Вие лично ги познавате.
Одговори:
1. Уште многу рано во детството имав изразена љубопитност. Сметам дека љубопитноста е клучен фактор за успех на секое поле, особено во рамките на науката, филозофијата, уметноста и другите креативни човечки дејности. Паметам дека многу често, како дете, му поставував прашања на татко ми, кој имаше трпение да ме сослуша и да ми објасни сé што ме интересираше, а ме интересираа многу нешта, во врска со природата, човекот, општеството, вселената, итн. Некаде во трето одделение изразив желба да бидам научник и футуролог. Но, паралелно со моите опсесии со науката и иднината, почнав да пишувам. Во почетокот пишував романи и раскази. Кон крајот на основното училиште и на почетокот на гимназија, во мене се разбуди и поетски потенцијал. Рано почнав да експериментирам со своите можности и тренирав да работам и дење и ноќе. Ова не можеше да помине неприметено. За моите школски другари станав чудак и фанатик. Така уште во детсвото ја искусив другата, темната страна на посветеноста кон знаењето – станав осамен и околината немаше разбирање за моите „фантазирања“. Но, ова искуство на недоразбирање и конфликт со средината однатре ме зајакна и развив силна волја, упорност и посветеност кон умна работа. Заради рамнотежата, којашто треба да биде секогаш врвна идеа, неопходно е човекот да има и некоја физичка активност – јас долго време практикувам јога, медитација и молитва, а повремено фитнес, долги пешачења, возење велосипед и планинарење.
2. Животот секогаш е полн со искушенија и не може да се предвиди. Како што спомнав во претходната точка, она што ме влечеше напред беше голема и силна љубопитност. Сакав да имам сеопфатно знаење; тоа е причината што и по завршувањето на гимназијата не бев сигурен на каков факултет да се упишам. Се колебав помеѓу филозофија, книжевност и психологија. Тогаш се советував со татко ми, кој ми рече, навистина најдобронамерно и без да ми наметне свое мислење, да запишам студии по економија, со аргументација дека по завршен економски факултет ќе можам полесно да најдам работа, а потоа можам да се занимавам со она што сакам. Така и направив и се запишав на економски факултет во Скопје. Тоа беше голема пресвртница во мојот живот: почнав да студирам она што пред тоа воопшто не ме интересираше, дури имав еден вид презир кон економија. И така, си дадов време од една година, додека служев војска, да создадам интерес за економија. Се фрлив со сета сила на проучување на економски дела: прочитав поголем дел од позначителните дела од Маркс и Енгелс, вклучувајќи го и (делумно) Капиталот, и доста книги од политичка економија, особено книги за економската криза, којашто тогаш (втората половина на 1980-ите и почеток на 1990-те) беше во жижа на интересирањето во јавноста. Пронајдов врски со филозофијата и успеав да се заинтересирам до таа мерка што забележав одлични успеси на факултетот. Кон крајот на студирањето, изразив желба да продолжам на постдипломски студии, со цел да станам професор. Но, 1987. година се преселив од моето родно Скопје во Бачка Паланка, па 1989. во Нови Сад, и со приближувањето на 1990. година видов, како и целата моја генерација, дека тогашната наша земја – Југославија – се распаѓа. Решив да се преселам во Србија. Во Нови Сад бргу се вработив во струката, и наредните две децении бев ангажиран во неколку претпријатиа, воглавно приватни, во областа на надворешна трговија, комерцијална дејност и маркетинг. Таа работа не можеше лично да ме исполни, но слободното време го користев за духовно самоусовршување, проучување и пишување, воглавно поезија. Тогаш се случи уште една голема пресвртница во мојот живот, во 1999, по НАТО бомбардирањето на Србија, кога посакав повторно да се запишам на постдипломски студии по економија. Така магистрирав на факултетот во Суботица во 2003, и бргу после магистрирањето добив отказ во последната фирма во којашто тогаш бев вработен. Првин тоа беше голем шок за мене, но таквата ситуација ја разбрав како прилика да најдам работа во едно сосема ново окружение, и ми дојде на ум идеата дека би можел да се вработа како асистент на некој факултет. Така дојдов во контакт со деканот на еден приватен факултет за менаџмент во Нови Сад и после само две или три средби му изразив желба да бидам ангажиран како асистент на факултетот. Оваа моја намера го изненади деканот, но по некое време ме побара и јас почнав да работам како асистент. За неколку години докторирав, со што стекнав услов да бидам ангажиран како доцент на истиот факултет. Уследија години на мојата професорска ангажираност на висока школа и неколку факултети, така да денес работам како професор на факултетот за применета екологија Футура од Белград. Паралелно со мојата академска професионална оријентација, се усовршував како преводител од и на англиски јазик, а од 2008. почнав и да објавувам книги, учебници, статии, есеи во разни реномирани списанија и се остварувам паралелно на повеќе полиња: освен на стручното поле – во областа на економија, менаџмент, маркетинг, итензивно пишувам и објавувам во континуитет во областа на книжевноста (поезија, проза), филозофијата и спиритуалноста. Интердициплинарноста е нешто како мое карактерно обележје, тоа е нешто што ме исполнува. Сметам дека во денешното време комплексноста и турбулентноста на глобалното општество задолжително бара комплексни, интердисциплинарни пристапи и дијалектичко, системско размислување.
3. Секој животен и професионален пат е полн со Сцили и Харибди. Ние живееме за да оствариме свои цели, своја визија. Остварување на своја визија воедно е самоостварување. Тоа се сведува на исто. Пречки, тешкотии, бариери, маки – сето тоа е неизбежен, составен дел на секој професионален пат. Без нив, патот би бил неинтересен, монотон. Без препреки, целта и визијата кон која стремиме не би била толку значителна и успехот не би ни нил толку важен. Без препреки, не би се радувале толку на успехот. Препреките се всушност наши предизвици и искушениа. Тие служат да не зајакнат, да ја оснажат нашата волја, нашата фокусираност и спремност да истраеме до крајот, до остварувањето. Тие не подготвуваат, ја тестираат нашата верба и волја, и без нив успехот е бесмислен. Замислите што би значел успехот за нас кога сосем лесно и едноставно би можеле да оствариме и достигнеме било која цел. Тогаш ни успехот не би ни значел, дури не би ни знаеле што значи успех и каква е вредноста на успехот. Многумина никогаш не можат да ја искусат онаа ненадминлива екстатична радост и восхитување, онаа ерупција на енергија и животна сила, до која доаѓа кога човекот ќе ја оствари својата цел, својата визија. Тие стигнуваат само до едно ниво, и потоа се сопнуваат, паѓаат. Само најјаките, најхрабрите, најиздржливите и најупорните стигнуваат до точката на успехот и уживаат во моментот на остваруваето на својата визија. Но, успехот не треба да нé заслепи и опфати со самољубивост, алчност или таштина. И во најголемата радост треба да ја задржиме скромноста и чесноста. Треба секогаш да имаме одговорност и кон себеси и кон другите, така да не застраниме во егоистична горделивост и не помислиме дека сами сме заслужни за успехот, дека можеме сé да направиме или дека сé ни е дозволено. Тоа е најголема грешка и неа постојано треба да ја имаме во предвид. Без оглед на нашите успеси или неуспеси, сите ние сепак сме само луѓе и поврзани сме со невидливи врски со општеството и милјето во коешто растевме и се развивавме. И конечно, секој успех е само една освоена станица во безграничниот натпревар којшто животот ни го нуди. Затоа, треба да се радуваме на успехот, но секогаш со мерка, и секогаш со благодарност и почит кон нашите предци, пријатели, сите оние луѓе од кои сме научиле нешто, во рамките на одредената културна и најширока општествена средина.
4. Најголем успех, според мене, е човекот да ја оствари својата визија. За да го стори тоа, тој мора цврсто и непоколебливо да се фокусира на таа своја визија и крајните цели коишто сака да ги постигне. Најтешко е човекот да пронајде во себеси она што го нарекувам неговото вистинско Јас. Кога ќе препознае што е неговото вистинско Јас, тогаш треба да се усредсреди да создаде своја визија, којашто би одговарала на неговото вистинско Јас и во којашто цврсто верува, и кога тоа ќе го направи, треба само да оди напред, кон нејзиното остварување. Човекот не треба да се осврнува на тешкотии, предизвици и искушенија кои го чекаат на патот на остварувањето на неговата визија. Ова би го формулирал на следниот начин: „Оди само напред и следи ја својата визија, не осврнувајќи се на попатни тешкотии. Ако паднеш, само крени се и продолжи.“ За да се оствари вистинската визија, неопходно е да се има силна страст и непоколеблива волја и истрајност. Само така, наоружани со овие доблести, и со неизбежно трпение, можеме да го совладаме времето и да стигнеме до конечното остварување на нашата визија.
5. Мене отсекогаш ме импресионираа личностите, во креативната историјата на човештвото, коишто имаа оригинални, радикални идеи и мислења, контроверзни гении коишто се издигнуваа над околината, коишто имаа разновидни, широки интересирања, и коишто не можеа да се вклопат во некој одреден клише. Ги проучував нивните животи и учев од нив. Она што ме инспирира кај нив е длабочината на нивниот ум, сеопфатноста на нивните размислувања, и нивната постојаност, концентрираност и фокусираност без отстапки, фанатичност на нивната волја и бескомпромисна решеност да истраат без оглед на огромните тешкотии и препреки на кои наидуваа на својот пат. Таквите гении доаѓааа во конфликт со својата средина оти беа со светлосни години пред своето време, но нив ништо не можеше да ги спречи да го остварат она што го наумиле и да создадат свои велоиченствени дела. Меѓу таквите одбрани гении, кои ми се узор, пример и инспирација, и кои пресудно влијаеа на моето творечко обликување, пред сé од областа на филозофијата, книжевноста и духовните науки, би ги спомнал: Ниче, Витгенштајн, Езра Паунд, Достоевски, Парацелзус, Лао Це, Вивекананда, Албрехт Дирер, Леонардо Да Винчи, Тесла, Вилхелм Рајх, К. Г. Јунг, К. Маркс, Вилијам Блејк, Гете, Маларме, Данте, Балзак, Бранко Миљковиќ, Дис, Кочо Рацин, Ацо Шопов и др.
6. Во мојот истражувачки фокус веќе подолго време се наоѓа глобализацијата, глобалната економска, културна, политичка и општествена криза, и иднината на човекот, технолошкиот развој и светот. Имам напишано доста статии и есеи од проблематика на глобалната економска и општествена криза и феноменот глобализацијата. Во контекст на проучувањето на кризата и иднината на развојот на човекот, општеството и технологијата, пред десетина година почнав посериозно да се занимавам со анализа на хуманизмот како посебна филозофија и движење. Изучување на хуманизмот ме поттикна да навлезам во анализата на технолошкиот развој и глобалните општествени промени, и во тие рамки да размислувам за можностите, искушенијата и предизвиците кои ги носи Новиот светски поредок и новите, радикални технологии, кои се во состојба радикално да го трансформираат човекот, изменувајќи го и суштински и во форма во еден нов вид суштество – хибриден облик како синтеза на човекот и машината, вид на натчовек, транс-човек или пост-човек. Така наидов на филозофија, идеологија и движење наречено трансхуманизам, којшто ми стана опсесија и постојан предмет на размислување и анализа последните 5-6 години. Минатата година објавив прва филозофска книга за трансхуманизмот на српски јазик и во регионот – Трансхуманизам: Иднината без луѓе, во издание на реномирана и храбра издавачка куќа Пешиќ и синови, Белград. Оваа година пишувам книга за некои други опасни тенденции и агенди кои што ги носи Новиот светски поредок во областа на политизација на сексуалноста и навлегување на родната идеологијата во сите сегменти на општеството и како тоа се одразува на општите односи помеѓу мажите и жените, на фамилијата, традицијата и општествената структура и динамика во иднината. Покрај тоа, подготвувам нова, шеста книга на поезија, која би требало да биде последна книга од мојот голем поетско-филозофско-мистичен циклус којшто го нареков Ауроборос (циклусот се состои од книги коишто симболички ги представуваат клучните градивни елементи и сили на универзумот) и наменета е на елементот Земја. Исто така, во подготовка е и антологијата на авторите (поети, писатели и критичари) на издавачката куќа Бистрица од Нови Сад, чиј сум редактор, и којашто треба да излезе од печат оваа есен. Свесно барам комплексни, ризични и интригантни теми и прашања и се обидувам да ја досегнам суштината и ги анализирам опфатот, целите и тенденциите на овие бурни промени со цел да ги согледам консеквенциите за човекот. Секогаш во прв план ми е човекот, неговото место, улога и сврхата во идните глобални општествени промени коишто нé очекуваат.
7. Мојата порака до читателите ќе биде едноставна и јасна: „Бидете секогаш верни кон својата визија, бидете истрајни и доследни, разгорете го пламенот на својата страст и фокусирајте се фанатично на она што е Вашата вистинска задача. Не одстапувајте и не се плашете од пречки и препреки, какви и да се. И никогаш не дозволите успехот да Ве занесе и опие, така да станете бездушни, себични и алчни. Имајте секогаш во предвид дека никогаш не сте сами, останете прибрани, имајте обѕир кон сите они кои на било кој начин ви помогнаа, ве инспирираа, ве поддржаа и ве ценеа и споделите ја својата радост за успехот со нив.
8. Меѓу успешните личности кои лично ги познавам, го почитувам нивното творештво и нив како луѓе, предлагам некои од следните: Драган Јовановиќ Данилов, Пожега/Белград, Србија (поет, писател, критичар, есеист); Алпар Лошонц, Темерин, Србија (академик, универзитетски професор, филозоф, социолог, економист, есеист); Ристо Василевски, Смедерево, Србија (академик, поет, писател, филозоф, критичар, преведувач, издавач); Весна Пешиќ, Белград, Србија (писател, издавач); Миша Ѓурковиќ, Белград, Србија (директор на Институтот за европските студии, Белград, филозоф, политиколог, есеист) и Дивна Вуксановиќ, Белград, Србија (универзитетски професор, писател, поет, есеист, критичар).
Интервјуто го направи: Христо Петрески
Виктор Б. Шеќеровски: ВРЕМЕ КОГА НАДОЈДОА ГЛАСНИТЕ СТУДЕНИЛА
Лесно го кажуваш тој збор Сали Ибраиме
Кучкин син да сум брате
Не требаше така
Во нас страсната среќа
Гласно ја изговара нашата болест
Љубоморно ги чуваме раните Сали Ибраиме
А заеднички копнежот трепери во нашите
Коски брате Ибраиме
На Калемегдан кога зборуваше за Радожда
Не рече дека сум ѓубре белградско
Ор Сали Ибраиме
Ор брате Ибраиме
Морам да ти врзам шлаканица
Или да ми го зариеш ножот в срце
Го решаваме ли со чекан животот изморен
Кога до говорот ќе ни допре
Мирис од родниот крај
Или со ставена рака врз рака
Што гласно не предупредува
Колку сме заедничко време ор брате
Кога на Калениќевиот пазар јадевме сремски колбаси
И го ковевме заеднички планот
Како да го истепаме бригадирот
Кој го крадеше цементот од градилиштето
Погледај ор Сали Ибраиме
Невидено студенило се спушти
И не восхити
Треба заеднички да го откриеме лудилото
И да отидеме и да се напиеме
Како луѓе кои знаат да ја прославуваат
Својата Љубов
И својата Смрт
Иво Митев: КУЧЕТО ШТО БЕШЕ ЧОВЕК (Бајка)
Приказнава требаше да биде бајка, а е вистина. Иако за ова можам да ви зборувам со денови, сепак ќе се обидам да ви ја раскажам со помалку зборови. И токму така како што навистина беше. А беше како во бајка.
Се случи во едно место каде што некогаш имало многу авиони. Луѓето со нив долги години летале насекаде. Сега таму немаше ниту еден авион. Во тоа место еден ден се појави едно кучето што личеше на тигар. Никој не знаеше да одговори од каде дојде токму во периодот кога жителите навистина имаа потреба од едно куче заштитник. А ова куче беше токму такво. Населбата беше постојано напаѓана од некои црни кучиња кои по цел ден лаеја, внесувајќи страв и напаѓајќи ги малите дечиња. Од нив не можеа да излезат од куќите. Сите беа многу уплашени. Кога се појави беше мошне слаб. Ама се обидуваше тоа да не го покажува. Стоички се поднесуваше. И кога лежеше ослабен тоа кај него изгледаше некако достоинствено. Првите денови го криеја од бесните кучиња кои вртеа околу куќата чуствувајќи нешто бидејќи беше бессилен. Жителите го засакаа и се грижеа за него. Набргу целосно закрепна и сите почнаа да го викаат Љупчо. Тој одеше во прошетка со мештаните, ги чуваше куќите и си играше со децата. Во него навистина имаше нешто посебно. А што е најважно ги избрка сите црни кучиња. Беше исклучително храбар. Светот го гледаше во црно бела боја. Уживаше во тоа место. Сите секој ден во него имаа се поголема доверба. А тој само горделиво ќе се прошеташе да види дали се е во ред и ќе легнеше под неговата омилена елка од каде можеше се да гледа.
Еден ден како некој да ги беше пратил од некаде во месноста се појавија уште две кучиња кои пак со својата несмасност ги засмејуваа жителите. Едното беше многу плашливо кое го доби името Зорица, а другото беше едно многу итро и многу снаодливо куче кое во секој миг го истакнуваше своето педигре. Во секоја ситуација веднаш знаеше да се снајде. Сите бељи кои ги правеа заедно беа поради неа. А на неа и дадоа име Моника. Тие заедно беа опасна екипа. Од очите им зрачеше топлина. Немаше ронка зло во нив. Го раздвижија местото. Постарите велеа дека три кучиња значи дека добра среќа е на пат. Беа омилени дури и кај оние луѓе кои не сакаа или се плашеа од кучиња. Дури и тие од време на време ќе се погрижеа за нив. Онака искрено како за човек. Со оваа урнебесна тројка секој ден беше различен. Најинтересни беа кога без никаков повод некаде ќе се затрчаа, а и самите не знаеја зошто го прават тоа. За да по некое време полека се вратат, еден позади друг на местото од каде што немирно истрчаа. Секојпат се радуваа на луѓето. Се радуваа на секого кој ќе им дофрлеше убав збор и верно го испраќаа до неговата куќа. Кај некого дури и преспиваа пред вратата од куќата. А децата преку нив го учеа својот однос кон животните. Дознаваа што е солидарност, што значи да се пружи и прими љубов и што значи пријателство. Во местото завладеа една пријатна атмосфера. Сите беа среќни и задоволни.
Поминаа години, Љупчо почна да ги покажува првите знаци на изнемоштеност и старост. Почнуваше да го губи видот и тогаш за првпат го слушнаа да лае. До тој момент само со својата појава ги решаваше работите. Некаде ќе залаеја кучиња, тој само ќе се појавеше и настануваше тишина. Никогаш, ама никогаш не се огласи со лаење. Гордо се справуваше со се што ќе му се случеше. Имаше верба во животот и силно го зграпчуваше. Штом ќе му се доближева и ќе ги почуствуваше оние коишто вистински се грижеа за него, престануваше да лае и веднаш ја заземаше својата кралска поза правејќи се како ништо да не се случува. Кога ќе му донесеа ветеринар да му стави инекција знаеше да пушти само една солза. Од благодарност. И толку. Им подари љубов и луѓето како да сакаа да му вратат со иста мерка. Имаа чувство како тој да веруваше во една искрена љубов повеќе од се на светов. И зошто ги засрами, па сега молкум помагаа на ова куче што беше повеќе од тоа.
Една врнежлива ноемвриска ноќ жителите забележаа на едно место од ливадата огромен куп есенски лисја. Тоа за нив беше ново бидејќи тие тоа не го правеа, не ги собираа есенските лисја на едно место. Кога се доближија листовите почнаа да се мрдаат, а воопшто не дуваше ветер. Морничавата темнина и дождот допринесоа многумина да се уплашат и да се повлечат во своите куќи. Останаа малкумина кои не знаеја што да прават. Лисјата и понатаму се мрдаа и од купот во еден момент се појави едно големо бело рунтаво куче. Откако се смирија почнаа да ги расчистуваат лисјата и за многу кратко време увидоа дека неговите задни нозе му беа целосно искршени. Од удари со чекан како што ќе се утврди подоцна. Очигледно беше дека некој тука намерно го имаше оставено. Сосема заслужено си го доби името Среќко. Одненадеж во цел тој метеж се појави Љупчо. Гледаше мирно што се случува, ја вртеше главата час на една час на друга страна и не се обиде да се доближи до повреденото куче. Во тој момент се појавија Моника и Зорица со едно парче месо. Го оставија и сите тројца отрчаа во непознат правец. Присутните беа воодушевени од тоа што го гледаат. Од тој момент тие решија на Среќко да му дарат таква љубов што за многумина беше чудо што после некој период прооде, а до летото тој трчаше заедно со тројката како да бил со нив тука од секогаш. И кога сите беа среќни и задоволни тогаш среќата им ја помати газдата на Среќко кој дојде да си го земе назад своето куче. Не попушти и покрај молењето на огромниот број на жители. Беше упорен во својата намера и успеа. Го однесе Среќко. Тоа како да го скрши Љупчо. Почна да венее, седна во една позиција и шест дена не се помрдна. Сите почуствуваа кон што оди сето ова. Ама си молчеа и од време на време го надгледуваа. Седмиот ден се појави една глутница кучиња која очигледно го испитуваше теренот. Љупчо како во старите добри времиња се исправи со последните сили за да го видат, направи еден круг низ целата населба, како да се збогуваше со сите, се врати на своето место седна и тивко замина.
Тој ден во населбата имаше посебна атмосфера. Сите беа во шок. Работниците кои го работеа околниот пат во близина на населбата дојдоа да помогнат со своите алати. Го ставија во една дупка на една мала ливада позади една куќа. Кога заврши сето тоа, сите седеа во населбата и молчеа. Тогаш едно детенце гледајќи ги им рече дека тој знае зошто кучињата живеат помалку од луѓето. Сите се свртеа изненадено кон него. Тоа што им го кажа ги зачуди. Никогаш не беа чуле поутешително објаснување. Таквото објаснување како да им помогна полесно да го пребродат заминувањето на нивниот миленик. Всушност тоа им го промени начинот на живот. Тој ги погледна онака наивно детски и им рече: Луѓето се раѓаат за да научат како да живеат добар живот, да ги сакаат сите цело време и да бидат фини, така? Па, кучињата веќе знаат како се прави тоа, па не мора да остануваат толку долго со нас. После настанатата непријатна тишина некој извика: Луѓе погледнете, еве го Среќко. Навистина Среќко се враќаше од кај ливадата каде што беше местото на Љупчо. Се насмевнаа. Полека почнаа да стануваат. Се појавија Мони и Зорица. Некој рече дека повторно местово го чуваат три кучиња. Значи дека добра среќа е на пат.