volk

Панде Манојлов: Бајка

ВОЛКОТ РИЦАР

 

Многумногу дамна,

во мало еднонаше село,

во долината оваа рамна

се случи ова на дело.

 

Селото беше мошне мало,

куќидваесетина на број,

децата јадеа леб и сало

сиромашкино од горд сој!

 

Јунак имаше в тогаједен!

Над јунаците – јунакборач

работник беше тој вреден

најдобар во селото орач!

 

Еден денв зори црни,

глас некаков тој слушна

надворкајшто дожд врни,

виде нешто кај се мушна.

 

Од креветот полека стана,

туфек пушкав раце фати,

” Добра ереченема мана,

ќе пукам со неа со саати!”

 

И ластегарка една чапна

чапна со чатали и рошка!

Кога некојв двор стапна

ќе плаче тој ко црна вошка!

 

Наведнатпод амбар ѕирна

животинче виде диво

родено од мајка мирна

со кожувче мекосиво!

 

Да е куче , куче не е

Ниту на мечетоа личи,

исплашено есолзи лее,

глас пушта ко да квичи!

Гледа јунак и се чуди:

– Живинче е некоедиво

дошло мене да ми суди

штом влакното му е сиво.

 

Нема ѕверче кај да бега!

Свршено ему дојде крај!

Ќе нанишанам добросега,

и ќе оди во небесен рај!-

 

Јунаку немојаманстој!

Немој да маваш со лушка,

овцитесите ти се на број

не пукајниту со таа пушка!

 

Евегледајјас сум волк!

Но не сум како сите волци

туку сум со скршен колк

од удари со стотина колци!

 

Добар сум и умензнај,

во мене крв црвена тече

на рицари од овој крај,

таа силно тука и ме влече!

 

Мојот татко беше крал

на ова селона овој крај,

имаше тука дворец мал,

што блескаше сиот в сјај!-

 

Го гледа Гоцејунак млад,

го гледа такаволкот мал,

ранетстуткан тој во лад,

се смириму падна жал

 

Дојдиволчкодојди тука!

Нема лошо да ти сторам,

со пушката нема јас да пукам,

туку за животот ќе се борам.

 

Пополекаајде сега стани,

во прегратки да те гушнам,

да ти лечам тешки рани,

приказните да ти слушнам.

 

Со сто макиволчко стана.

Од очи тој солзи топли лее,

го боли длабоката рана,

болката во неа сеуште тлее.

 

Во куќатата влегоа стара.

Волчко во креветот легна

а јунакот наш нешто бара

со завој тојрана му стегна!

 

Минаа така месеци дватри!

Се излечија и болки и рани,

стравот веќе негде се скри:

волчко можеше и да стани.

 

Радост од младешкото лице

на јунак Гоцесвети и блика!

А волчкоко глувчето Мице

со другарот сака да се слика!

 

Верни другаристанаа тие,

го делеа лебот и креветот еден:

кога едниот во него спие,

другиот работи и е вреден

 

Секој ден во планина вјасат,

за на зима дрва суви сечат

и стадо овци заедно пасат,

песни пеатв долови што ечат.

 

Еден летен сончевубав ден,

седнати во ливадата цветна

под жолтрасцутен висок дрен:

Гоце јунаксо умот негде летна:

 

Рицарупријателу мил ем драг,

и ти гледаш како време мине,

годините моиминаа веќе праг,

да се женам сакамкралски сине!

 

Нокоја ли момаваков ќе ме сака,

сиромав за нигде

cace

Славица Дабевска Ќировска: СТУДЕНА НОЌ

Февруарска студена ноќ

снежни соспи облија трепки,

мразулци осветлија пат

тешки воздишки и стравичен грч

патот од краток, ноќва е долг…

Молбен глас екна в темнина

по човекот идол да ме чека.

Страв чекорот го успори,

стегна душа и изусти на глас:

„Чекај ја нашата прегратка“

„Чекај аманет, да слушнам“!

Снегот го враќаше борбениот од

храбро чекорев по него…

Болнички мирис врати надеж.

Се слушна болен извик:

„Чувајте го моето сугаре“!

Втренчено остана тело во одаја.

Замаглено око и солза ме дочека.

Прегратка остана за на век,

последна солза кладов душа.

Татковата солза водилка е моја,

око замаглено ме прати и денес.

Молбен поглед секое утро,

aнгели да го чуваат ликот редок.

mica

Милица Бакрач: ДВОБОЈ

Уместо речи и тихог зова,

уместо гласника писмоноше,

уместо двобоја Љермонтова,

уместо Сунца, Пролеће лоше

прогнано негде, на крај Сибира,

пупоље моли да се забели.

Преклиње песму да нађе мира.

И Руку, правду да нам подели.

Пуцај. Шапуће срце ми лудо!

Десети корак још је далеко.

Смеје се време. Секунда. Чудо,

Кажипрст бежи са обарача!

Кроз нишан видим, како мој неко,

волим те, рече, кроз облак плача.

sneze

Снежана Алексиќ Станојловиќ: БЕЛЕ БРЕЗЕ

Мисли ми трепере

као лист трске

на поветарцу

у поигравању

неминовности

и немоћи.

Провлачим се

кроз трње

и оштро камење

у настојању

да одбацим бреме

свих узалудних свитања.

Свлачим кошуљицу

попут змије

скидајући са себе

прљавштину и гној.

Пљујем залогај

давно заглављен

у мом грлу.

Узвраћам смешак

белим брезама

које на новом путу сретох…

pande

Панде Манојлов: КАДЕ?

Талкаш, лунѕаш некаде.

Одиш кајгоде, секаде.

Било каде и никаде !

Дури џенем и отаде,

таму каде битисот јаде!

Кога никој не те кани,

запри малку, застани!

Сега, помни, не е лани:

еден ти наоѓа маани,

друг ти отвора рани…

trajce

Трајче Кацаров: ЗА БОЛЕСТА И РАСКАЖУВАЧИТЕ

(по примерот на Хармс)

Коце Капале раскажал на Кице Курле дека е болен. Кице Курле не му поверувал зашто не видел никаква трага од болеста на лицето на Коце Капале. Сепак за неговата болест раскажал на  Спиро Урда. Овој не му поверувал зашто не можел во раскажаното  на Кице Курле да најде причина поради која Коце Капале би бил болен. Сепак стокмил  приказна и ја раскажал на Дуле Сурла. Овој не му поверувал зашто не можел во раскажаното  на Спиро Урда да најде причина поради што Коце Капале би бил болен. Сепак стокмил приказна и ја раскажал на Симо Беља кој исто така не му поверувал.

Болеста од еден на друг се ширела, се ширела без да се најде  болен и некој кој на приказната ќе и’ поверува. На крајот кога немало повеќе кој за болните да прикажува, болеста се самоизолирала и почнала да тажи.  Знаела таа дека времето не се враќа назад, ама без болните не може ниту да се повтори.

Зумбер Бесни му кажал на Томе Потни дека завршил светоот. Овој не му поверувал оти не можел да најде причина поради која Зумбер Бесни би му кажал на Томе Потни дека завршил светот.