На светот му недостасува човечност
на светот му недостасува праведност,
на светот му недостасува безгрижност,
на светот му недостасува
разбирање меѓу луѓето,
трпеливост меѓу луѓето,
искреност меѓу луѓето.
Љубов меѓу луѓето!
Некому деновите од детството
за миг што изминале,
некому годините од животот
брзо што поминале,
некому луѓето засекогаш што заминале.
На секој му недостасува некој,
да го држи цврсто за рака.
На секој му недостасува некој,
кој ќе биде тука и за убаво и во мака.
На секој му недостасува некој,
да го разбере, да го утеши, да го слушне,
во прегратка искрена, силно да го гушне.
Некому убав збор, убава мисла.
Некому поглед нечиј мил,
насмевка среќа што зрачи.
Некому повеќе верба во себе си.
Некому повеќе надеж.
Во овие тешки времиња,
како камен на гради тежи векот,
љубов му недостасува на светот.
Премногу себичност
премногу дволичност,
премалку љубов вистинска има,
во нечии срца секогаш е зима.
Луѓето креваат ѕидови меѓусебе,
полни гнев, омраза и инаети.
Од завист и љубомора,
во срцата свои нижат камења студени.
На светот најмногу љубов му недостасува
со топлина и нежност срцата да ги стопли
само љубовта може сите ѕидови меѓу луѓето
да ги сруши, да ги стопи.
И сите материјални богатства на светот
не вредат ниту денар,
љубов во срцето ако немаш.