Кога го молат овошје да јаде
налутено тој вели:
-Овој јас овошје не јаде,
кајсијата и праската
на сонце му личат
а сонцето пече
ако в уста го ставиш
јазикот што ќе рече!?
Што сака да јаде
Дајте шпагети
или барем паштети
сакам „мускулети“!
-Паштети, вегети и шпагети
не се Иван за „мускулети“!
Кога десерти сака
најпрвин тој сладолед бара
-Сладолед -вели, секогаш да има
па нека е и зима!
Ама опасно е Иван
сладоледот може
да ти влезе в меше!
Ама тето мила,
па нели тоа штосот беше!