lebarka

Христо Петрески: Лебарка

Со силен удар од десната рака
Црната лебарка ја залепив за жолтите плочки
Од купатилото
Каде најверојатно бевме само јас и таа

Не се ни помрдна
Иако панично трчаше пред тоа
А јас ја фрлив во клозетската шолја
И пуштив вода за да бидам сигурен дека нема да избега

Потоа долго седев на белиот порцелан
И размислував за лебарките
Кои одвреме навреме пак ќе се појават
А леб очигледно има се помалку

 

Скопје, 27 март 2020 година