Image

Трајче Кацаров: РЕД

Во куќата на нана Блажа

можевме да влеземе

откако ќе ги соблечевме чевлите.

По дворот  на нана Блажа

се движевме само

во влечките  стокмени

од старите чевли.

Го почитувавме редот на Нана Блажа

и стравот од капутот

што и во лето одеше по дедо

и дигаше прав по куќата.

А кога умре,

ах, кога умре нана Блажа,

сфативме  дека  остана

не одговорено прашањето:

„Какви обувки

треба да имаме на нозете

кога ќе стигнеме

пред небесните порти?“