Image (2)

Сузана Ѓорушевска: БЕЗ НАСЛОВ

Ја прегрнав

Ѕидот самее и не се отвора…

Да ме понесе низ својата

љубовна магија.

Отворот и се задушил ко болката

в срце, за издржливост.

Кога би и дал на душата да полета

низ синилата и допре до твојот

покрив на мислите, да доживеам…

да ја отворам твојата тајна

кутија со волшебни мечти.

Да ме завитка со сите твои барања

боите на љубовта да ме приберат

до тебе!

Да ме понесе повторно на почетокот!

Да, јас го живеам.

Можеби ќе го заклучам прозорот

да не одлета.

Прилепен сонував пред него…

Сведокот низ кој те прижелкував

Да поминеш, да завладееш со ликот твој

да те дофатам и прегрнам за век.