danielaangelova

КРШАЧКАТА НА БАРИЕРИ

Добар ден. Јас сум кршачката на бариери. Постојат стотици бариери кои чекаат да бидат скршени од мојот чекан Кршко. Но, да почнеме една по една.
Денес ги кршам бариерите дека лицата со оштетен вид се беспомошни, дека не можат ништо без туѓа помош.
Не, тоа тоа е типична бариета. Сега, во овој момент со чеканот на слободниот ум ги кршам непишаните бариери.
Лицата со попречен вид се родени херони. Доволно е да поминете само еден ден со нив и ќе ја видите нивната сила и волја со која го тераат караванот на животот.
Прифаќањето на она што се, нив ги прави херои уште на самиот почеток.
Можеби им треба повеќе време, но сепак успеваат да остварат се што ќе замислат.
И кога мислите дека сте ги повредиле со лоши и цинични зборови, се лажете. Нив им е позната нивната ситуација, тие од она што им го одзел или намалил животот тие прават креација на нивниот успех.
Ќе ги најдете во креаторите на пишаниот збор, во музиката, во спортот, секаде каде што сте и вие.
Погледнете подобро. Погледнете ги тие лица со очите на восхитот и упорноста.
Во овој момент чеканот на гласот нека удри по невидливите бариери, нека ги распарчи како стакло, како кула од карти која е заѕидата со цигли на конзервативниот ум.
Не е доволен само еден текст, не се доволни овие кажани зборови за да се скршат тие бариери. Потребни се повеќе гласови, повеќе собрани раце кренати во воздух за вистински да се ги снема тие бариери.
Ти што ова го слушаш погледни во твоите мисли и сфаќања. Погледни ја насоката во која се движат твоите мисли поврзани со овие лица.
Доколку имаш бариери те молам скрши ги, затоа што не знаеш каде точно еден ден ќе те однесе животот.
Даниела Ангелова (Данда Реј)