marijamojsoska

ПРИЛЕП – ГРАДОТ ХЕРОЈ

Првата пушка во Прилеп пукнала,
и народот поробен на нозе го дигнала.
За денес сонцето да не грее,
и на сите нас милно да ни се смее.
Прилеп бил дом на Ченто,
на Кепески,Конески,Цепенков,
на Ацеви,Атанасоски и
на многу македонски дејци.
Тука е и стариот Градски саат,
кој исправено стои и минутите,
деновите, годините ги брои…
И старата Прилепска чаршија
која опстојува со години во богатство и немаштија.
Во Прилеп е родена и Рациновата Ленка,
која отишла во прилепскиот монопол,
тутун да реди,
тие жолти тутуни,жолти отрови.
Над Прилеп се издигаат Марковите Кули,
белег на прилепската историја,
белег на прилепското минато,
белег на прилепската сегашност.
Мојот град Прилеп се вика,
тој е прекрасен и во убавина блика.
Прилеп е град Европски,
гордост Македонска.
Марија Мојсоска, 15 години
Прилеп
frosinadimeska

Пулсот на мастилото

За да имаш пријатели- биди пријател,
за да постоиш како личност- биди човек.
Ти, човеку, си создаден од љубов,
затоа сакај, чувствувај, мечтај…
Повлечи се кога треба, но не се откажувај!
Сакај, за да можат да те љубат,
чувствувај, за да можеш да разбереш.
Фантазирај, само така нешто ќе допре до тебе!
Спомените, прегратките,емоциите се само затишје пред бура,
а бурата е таму каде што мракот се крие…
Неискажани зборови, недовршени разговори, копнеж по некого-бура!
Порој кој дневникот како тајна го чува.
Пишувај, иако во срцето ти е тишина,
нешто неизречено, некој последен збор,
ќе одекнува во тебе, знам.
И за промена, научи човеку:
да се пронајдуваш себеси во нечии очи,
во нечиј свет и да не се плаши да се восхитуваш
на мудроста на некој непознат.
Љуби за да го осознаеш светот, изгуби се во нечии раце. Биди таа промена што би го променила светот, не гласно, но вистински.
Фросина Димеска
emaatanasovska

Молк

Седам и размислувам,
погледнувам над небото,
затварам очи и мислам…
Колку било убаво да си сам
да го осетиш своето присуство
да си угодиш на себе си.
И сега кога остануваш сам
гледаш колку си осамен,
сега гледаш кој е до тебе
ја гледаш вистинската слика за себе.
Молкот преовладува, го слушам
само својот глас и трепет.
Вистината не може да се замени
со лагата, кога веќе молкот е
еден чекор напред.
Молкот ме обзема, ме остави без здив
без да размислам за денес за утре па
можеби и за некој нареден ден, колку е само
битно да си посветиш од своето време за себе.
Ако тоа не го направиш сега за себе, тогаш кога и кој ќе ти помогне
Ема Атанасовска
vukashinstupar

Еј судбино !

На кој раб ме донесе?
каде ме однесе?
ме доведе да молам
и трошки љубов собирам
од утро до мрак самувам
себеси преколнувам
еј судбино… што ли ти згрешив?
заборав да бидам…
несреќен да останам
без топлина да живеам…
денови да бројам
месеци години
и пак немир да имам
да се навикнувам
на празнотија душевна
во солзите утеха да најдам
низ стихови искажам
дека добро сум а не сум
и во себе тајни кријам
а со една воздишка издавам
дека не ми е сеедно
што срце копнежливо од соништа разделувам
за полесно да ми биде кога ќе помислам
дека сè што следи без радост ќе го дочекам
и пак среќен пред сите глумам.
Еј судбино! тоа боли
и како сол на рана пече и гори.
Знаеш ли?
Вукашин Ступар
marinagocevska

СТАТУА ВО НОЌТА

Отвори ги очите
и прегрни го
тоа што недостасува.
Создади статуа на несовршенство
и остави ја
да самува во ноќта.
Можеби, ќе го
пронајде делот на
совршената магија,
а таа ќе те врати од длабоките
и црни ќелии.
Велиш, мрачно е во ноќта,
но, во рушевините на срцето.
Мракот блеска како катран
извајан од пепелта на немирот.
Марина Гоцевска, Кочани
martinjovanoski

БЕЗ НАСЛОВ

И таа пишува,
Повеќе и од мене.
Нит пенкало, нит парче хартија,
Ништо не и треба.
Срамежливо и тајно,
Чкрта по душава.
Приоѓа,
Пишува,
И од лице, и од опачина.
Баш кога е најпотребна,
Со вистини ме дарува
Пишува,
Во ноќите приоѓа.
Додека спијам,
Вешто се прикрадува.
Само за мене,
Најубавата поезија.
За наутро, да читам,
Да се сладам,
Да вдишам.
Со глава крената,
Во народ да излезам
Не знам што е,
Нит како да го наречам,
Такво чудо никој не прочитал.
Грее, одвнатре зажежува.
Ќе отварам очи, ќе читам,
И ете ја до мене на перница.
Се смешка, намигнува,
И макар на миг,
Ништо не е важно.
Макар на миг,
Сиот свет застанува
Мартин Јованоски
megivelkova

САМО ОВОЈ МИГ

Знаете, понекогаш
на крајот од денот
само пропуштените прилики
знаат да не прегрнат најтопло.
Свири гласна музика,
а тишината во нас
е сѐ уште тука.
Занесено гледаме во часовникот,
ги следиме стрелките
како се натпреваруваат
една по друга
која ќе трепне прва.
И се прашуваме
како времето да го вратиме назад?
Ветрот тивко ни носи
посебни мириси
кои знаат да не вратат во друго време
и друго место,
магично да не одведат
во среќна бајка
и миг потоа
со сета сила
да не треснат во реалноста.
И тогаш сфаќаме,
времето ко бели гулаби
одлетало далеку до бескрај,
а ние сме овде
и пливаме низ сегашниот миг.
Разбудете се,
почувствувајте го вашето срце,
тоа бие во сегашниот миг
насмевнете се,
бидете среќни во овој миг,
пратете им љубов на сите
сакајте длабоко во овој миг,
сонувајте
и доживувајте бидејќи во овој миг постоиме.
Постоиме за да ја почувствуваме
магијата на овој миг,
сегашниот.
Знаете, живееме
во сегашниот миг
сѐ додека не дојде
нашиот последен здив,
и тогаш не е важно кој сме,
не е важно што сме,
и не е важно каде сме,
единственото важно нешто
е колку љубов сме подариле и примиле,
колку сме биле среќни и исполнети,
сѐ до нашиот последен здив
сѐ до нашата последна воздишка.
Меги Велкова, Кочани
danielaangelova

КРШАЧКАТА НА БАРИЕРИ

Добар ден. Јас сум кршачката на бариери. Постојат стотици бариери кои чекаат да бидат скршени од мојот чекан Кршко. Но, да почнеме една по една.
Денес ги кршам бариерите дека лицата со оштетен вид се беспомошни, дека не можат ништо без туѓа помош.
Не, тоа тоа е типична бариета. Сега, во овој момент со чеканот на слободниот ум ги кршам непишаните бариери.
Лицата со попречен вид се родени херони. Доволно е да поминете само еден ден со нив и ќе ја видите нивната сила и волја со која го тераат караванот на животот.
Прифаќањето на она што се, нив ги прави херои уште на самиот почеток.
Можеби им треба повеќе време, но сепак успеваат да остварат се што ќе замислат.
И кога мислите дека сте ги повредиле со лоши и цинични зборови, се лажете. Нив им е позната нивната ситуација, тие од она што им го одзел или намалил животот тие прават креација на нивниот успех.
Ќе ги најдете во креаторите на пишаниот збор, во музиката, во спортот, секаде каде што сте и вие.
Погледнете подобро. Погледнете ги тие лица со очите на восхитот и упорноста.
Во овој момент чеканот на гласот нека удри по невидливите бариери, нека ги распарчи како стакло, како кула од карти која е заѕидата со цигли на конзервативниот ум.
Не е доволен само еден текст, не се доволни овие кажани зборови за да се скршат тие бариери. Потребни се повеќе гласови, повеќе собрани раце кренати во воздух за вистински да се ги снема тие бариери.
Ти што ова го слушаш погледни во твоите мисли и сфаќања. Погледни ја насоката во која се движат твоите мисли поврзани со овие лица.
Доколку имаш бариери те молам скрши ги, затоа што не знаеш каде точно еден ден ќе те однесе животот.
Даниела Ангелова (Данда Реј)
marijanamitrevska

ЗЛАТНО РУНО

Ех да имав златно руно па да го покријам стариот кладенец во душава !
Од него пак бистра вода да течи
Низ очиве ко поток да извира
Па да облечам пролет во кожава
На цвеќе да замириса
На златни прамени во косава, цут да расцути
Коренот од земја што никне преку телово
Во дрвото на среќата да проникне
Живост да им дари на рацеве со нив да можам да го дофатам животот
И на лицево да ми дари насмевка што блеска ко сонцето
Желбата да ми се исполни, да сакам повторно
Крвта во мене да врие да тече во срцево
Ко на сон да биде се неуништливо
Ех да имав златно руно па да го покријам стариор кладенец во душава !
Маријана Митревска, Ресен
песна од збирката ,,Сите мои песни”