Ех да имав златно руно па да го покријам стариот кладенец во душава !
Од него пак бистра вода да течи
Низ очиве ко поток да извира
Па да облечам пролет во кожава
На цвеќе да замириса
На златни прамени во косава, цут да расцути
Коренот од земја што никне преку телово
Во дрвото на среќата да проникне
Живост да им дари на рацеве со нив да можам да го дофатам животот
И на лицево да ми дари насмевка што блеска ко сонцето
Желбата да ми се исполни, да сакам повторно
Крвта во мене да врие да тече во срцево
Ко на сон да биде се неуништливо
Ех да имав златно руно па да го покријам стариор кладенец во душава !
Маријана Митревска, Ресен
песна од збирката ,,Сите мои песни”