Донеси ми книги коњанику
Сите години тие ми ги лапнаа
Сите мечти ми ги исполнија
Сета љубов ми ја украдоа.
Донеси ми книги коњанику
Нека раскажуваат за тагата
Нека пеат за љубовта
Нека танцуваат на музиката.
Донеси ми книги коњанику
Во облик на жена престори ги
Во историјата закопај ги
Сите мисли потисни ги со корици,
сите сомнежи разреши ги со вистини.
Донеси ми книги коњанику
Подај рака на планината
да те крене ноќва кон месечината
да те озари утре сончевината.
И не заминувај
без збогум да кажеш.
Не си оди
без товар со себе да вратиш.
Не бегај
без аманет да фрлиш,
на товаров благослов да пратиш.