На гитарата ù пукна жица
(А не беше на сред луда песна)
Пукна сама без најавна шпица
Како балон подбуцнат со шестар
Па кавалот падна ко пресечен даб
А никој не го турна ни ветер дувна
Офнав ко човек кому му вадат заб
(Оти ми беше дар долго чуван)
Кога и тамбурата остана без струна
Помислив можеби ни даваат знаци
Дека долго никој не свирел на нив
Ја сфатив тогаш нивната звучна буна
Ко што бунар од кој не се пие секнува
Така гитара на која не се свири шекнува