martinjovanoski

БЕЗ НАСЛОВ

И таа пишува,
Повеќе и од мене.
Нит пенкало, нит парче хартија,
Ништо не и треба.
Срамежливо и тајно,
Чкрта по душава.
Приоѓа,
Пишува,
И од лице, и од опачина.
Баш кога е најпотребна,
Со вистини ме дарува
Пишува,
Во ноќите приоѓа.
Додека спијам,
Вешто се прикрадува.
Само за мене,
Најубавата поезија.
За наутро, да читам,
Да се сладам,
Да вдишам.
Со глава крената,
Во народ да излезам
Не знам што е,
Нит како да го наречам,
Такво чудо никој не прочитал.
Грее, одвнатре зажежува.
Ќе отварам очи, ќе читам,
И ете ја до мене на перница.
Се смешка, намигнува,
И макар на миг,
Ништо не е важно.
Макар на миг,
Сиот свет застанува
Мартин Јованоски