
На Конкурсот за ново авангардно книжевно творештво на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, од вкупно 33 пристигнати ракописи најдобар беше поетскиот ракопис „Живот под ѕвездите” од поетесата Елена Пренџова од Скопје.
Инаку, нејзината поетска книга „Живот под ѕвездите“ содржи вкупно 53 песни, поделени во два циклуса: „Урбанки“ и „Наивки“. Станува збор за урбана, сигналистичка поезија, која е специфична и оригинална и според тематско-мотивската носивост и содржина, но и според необичниот графички и визуелен изглед на песните.
Со ова необично и автентично дело, авторката Елена Пренџова е првиот добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“ за 2012 година.
доц. д-р Христо Петрески
Share
- Categories
- Македонски автори
- Автор
- Елена Пренџова
- ISBN
- 978-9989-2195-8-0
- Година на издавање
- 2012