
ПЕТКО ШИПИНКАРОВСКИ (1946) e писател и поет, публицист, драмски автор, есеист и книжевен критичар. Роден е во с. Будимирци, битолско. Основното образование го завршил во с. Будимирци и с. Старавина, а со средно образование се стекнал во Битола. Во Скопје дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Издадени дела: „Откорнати души“ (роман, 2003); „Духот на војводата“ (монодрама за Толе Паша, 2003); „Петра“ (роман, 2005); „Црна љубов“ (роман, 2006); „Дабјак“ (роман, 2009); „Златни обетки за Марија“ (роман, 2011); „Децата на Марија“ (роман, 2012); „Кога тргнав Цвето во туѓина“ (романизирана монографија, 2006); „Струшки сведоштва“ (романизирана монографија, 2007); „Седело на орлица“ (поезија, 2006); „Бели ветрови“ (поезија, 2009); „Злоуми“ (поезија, 2011); „Бели утра“ (поезија, 2013); „Рудолф Арчибалд Рајс, за Македонија и за Македонците“ (2006); „Кога уметноста е живот, а животот е уметност“ (есеи), 2014; Коавтор е на книгите: Збирка собрани песни „Миладиновци“ (2006) и „Зборник есеи и научни трудови“ (2010); „Од еден до друг брег“ (Антологија на македонски и хрватски автори, 2014).Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Главен и одговорен уредник е на ревијата Бранувања и организатор на „Струшките книжевни средби“ во Струга. Добитник е на повеќе награди и признанија: „Струшко изгрејсонце“, „Прозни мајстори“, „Повелба за животно дело“, „Златно перо“ и други . Преведен и препеан е на повеќе јазици: албански, бугарски, полски, романски, српски и хрватски.
Share
- Categories
- Македонски автори
- Автор
- Петко Шипинкаровски
- ISBN
- 978-608-65626-8-7
- Година на издавање
- 2015