Научниот труд “Мултикултурата во националните електронски медиуми на Балканот (1989-2008)“ од проф. д-р Мишо Нетков е поделен на три дела: “Телевизијата како медиум“; “Мултикултурализмот во медиумите“ и “Балканските медиуми меѓу мултикултурализмот и етноцентризмот.
Всушност, станува збор за докторската дисертација на истакнатиот новинар, публицист и научен истражувач Мишо Нетков успешно одбранета на Институтот за национална историја при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Овој труд на еден реалистичен начин, со примена на научната методологија, по пат на презентирање на мноштво примери, на сликовит начин фрла светлина врз малцинските права во повеќеслојните национални заедници и сите придружни дејности: користење сопствен автентичен јазик, религиозни и културни ритуали, како и можности за нивна медиумска презентација и афирмација.
Share
- Categories
- Наука
- Автор
- Мишо Нетков
- ISBN
- 978-608-65626-9-4
- Година на издавање
- 2015