Борче Грозданов (1969, Скопје) е новинар и театарски критичар во дневниот весник “Вечер”, повеќе од една деценија. Од авторската биографија досега зад Грозданов се монографијата по повод 50 години НТ “Антон Панов” од Струмица “Чекори по ѕвездените штици” каде е ко-автор (1999), а автор-приредувач е и на монографијата “Мите-сцена-живот” посветена на актерот Мите Грозданов (2010). Негова прва збирка поезија е “Пориви” ( 2002 ), а потоа следуваат “Грст стихови” ( 2008 ), “Четириесет
воздивнувања” ( 2009 ) и “Сништа и соништа ” ( 2015 ) Долгогодишното проследување на театарот резултираше и со дигитална форма на ЦД на збирката Театарски рецензии насловена “На(д) сцената”, на кое беше и второто издание на неговата прва стихозбирка. Зад него се и проектите “Незавршена приказна”, монодрама на Емилија Андреева, работена по негови стихови, “Човекот од собата 7” монодрама со Сашо Тасевски во режија на Ристе Алексовски, што по “Бели ноќи” од Достоевски ја адаптираше Грозданов, а на 2 Ноември 2015 година премиерно беше одиграна (и сè уште се игра) монодрамата “Црв” со актерот Мите Грозданов, адаптирана од романот “Вистина , љубов - Рашомонијада” од Дејан Трајкоски. Пиесата “Чие е” (2013) е негово драмско првенче, а книгата “Патникот” е прв обид на Грозданов како раскажувач движејќи се низ патешествијата со неговиот другар, прерано починатиот актер, Васил Шишков ( 2015).
За книгата рецензии “На(д) сцената 2” ( 2014) ја доби наградата за публицистика “Мито Хаџивасилев Јасмин” во Република Македонија.
Share
- Categories
- Театар
- Автор
- Билјана Станковска
- ISBN
- 978-608-4799-07-8
- Година на издавање
- 2016