
Во јануари 1952, двајца млади мажи од Буенос Аирес тргнуваат да ја крстарат Јужна Америка на мотор ""Ла Пондероса"", моќен 500цц Нортон. Еден од нив е дваесет и три годишниот Ернесто Че Гевара.
Овие дневници на Че, се напишани осум години пред Кубанската револуција, исполнети со авантури и откритија, големи драми, но и мал хумор и импровизации. За време на неговите патувања низ Аргентина, Чиле, Перу и Венецуела, главните грижи на Че се бедата и сиромаштијата, но и секојдневната грижа каде да преноќат, со што да се прехранат и како да го продолжат далечниот и неизвесен пат.
Десет години подоцна целиот свет ќе го знае неговото име. Неговото патување можеби беше животна авантура, но дали не се претвори неговиот живот во многу поголема авантура!?
„Латино американски Џејмс Дин или Џек Керуак“
Washington Post
„Дневниците ја откриваат хуманата страна на Че, која историчарите вешто ја потиснаа“
Financial Times
Share
- Categories
- Странски автори
- Автор
- Ернесто Че Гевара
- ISBN
- 9989-2195-3-2
- Година на издавање
- 2004