Тематската и содржинска поставеност на списанието "АНТИ-ДРОГА" има за цел превентивно делување и спречување на зависностите кај најмладата популација. Неговите редовни рубрики се посветени на борбата против дрогата, пушењето, алкохолот и другите видови зависности, кои се мошне омасовени и оставаат трајни последици кај младите.
Определбата списанието "АНТИ - ДРОГА" да биде наменето за учениците во основните училишта произлезе од сознанието дека треба превентивно да се дејствува уште пред да постанат учениците зависници, односно да се укажува благовремено на последиците од дрогата и другите зависности, со постојана грижа и посветеност за откривање и елиминирање на причините кои доведуваат до појавата и ширењето на зависностите.
Share
- Categories
- Списание