Фиона Сампсон е поет, книжевен теоретичар и научен истражувач. Родена е во Лондон во 1963 година, а по националност е од Велс.
Д-р Фиона Сампсон е уредник на „Ориент Експрес“, списание за современото пишување од земјите кои сакаат да станат дел од ЕУ. Таа го основа и „Интернационалниот Велшки Фестивал на поезија“ во 1995 година.
Нејзините дела се преведени и објавени на: полски, српски, еврејски, фински, норвешки, каталонски, бугарски, словачки, словенечки јазик и романски, а “Патувачки дневник” е нејзина прва книга на македонски јазик. Исто така, таа има пишувано за театар, радио и јавни уметнички приредби.
Учесник е на Струшките вечери на поезијата во 2003 година. Добитник е на наградата „Златен прстен” во 2003 година за творечки опус.
Share
- Categories
- Странски автори
- Автор
- Фиона Сампсон
- ISBN
- 9989-2195-1-6