povik za MMP

Повик за зачленување во проектот Млади македонски писатели

Во проектот Млади македонски писатели може да се зачленат сите млади автори до 30 години, но и сите оние кои се чувствуваат млади.

За зачленување потребно е да се уплатат 800 денари, а сите членови за тој износ во текот на една календарска година ќе добијат: членска легитимација, примерок од книгата објавена во едицијата Прва книга, примерок од списанието Пергамент и учество на манифестациите кои во иднина ќе бидат организирани во рамките на проектот Млади македонски писатели.

Уплатата се врши на жиро-сметката на Македонија презент – Скопје: 300000001003113, со назнака: зачленување во Млади македонски писатели

По уплатата на средствата на жиро-сметката на Македонија презент треба да се испратат и кратка биографија, фотографија, адреса, телефонски број и мејл за Регистарот на новите членови.

Ви благодариме и Ве поздравуваме со надеж за постојана и трајна комуникација и соработка!

konkurs za MMP (1)

Конкурс за објавување на дебитантско книжевно дело во едицијата Прва Книга

Фондацијата и Издавачка куќа Македонија презент – Скопје со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија ќе го реализираат проектот Млади македонски писатели.

Во рамките на тие активности е и распишувањето на овој Конкурс за објавување дебитантско книжевно дело во едицијата Прва книга.

Авторите треба да не се постари од 30 години и да немаат досега објавено своја прва книга.

Може да се учествува со необјавена книга: поезија, проза, критики, есеи, драма.

Ракописот треба да не биде поголем од 64 страници А-5 формат.

Може да се учествува само со еден ракопис потпишан со име и презиме, адреса, телефон и мејл. Заедно со ракописот треба да се испрати и кратка биографија и фотографија од авторот, кои доколку биде избран ракописот, ќе бидат објавени заедно со книгата.

Рокот за испраќање на ракописите е: 31 мај 2020 година.

Ракописите треба да се испратат на следниов мејл: info@macedoniapresent.mk

Наградата е објавување дебитантско книжевно дело во едицијата Прва книга.

Селекторот ќе избере еден ракопис, кој ќе биде објавен до 1 август 2020 година.

Young woman reading book while standing in the modern tram, happy passenger moving by comfortable public transport, Image: 433660659, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: Profimedia, Alamy

Млади македонски писатели

Проект: Млади македонски писатели
Носител: Фондација за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент – Скопје
Проектен тим: проф.д-р Христо Петрески, проф,д-р Кристина Николовска и проф.д-р Весна Мојсова – Чепишевска
Во рамките на проектот се и: едиција Прва книга, манифестација Книжевно соѕвездие, списание Пергамент, работилници Кворум, зачленување во ММП и други манифестации и активности
Покровител: Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија
Image (5)

Конкурс за ликовни и графички илустрации на „Македонија презент“

Издавачката куќа  и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ распишуваат Конкурс за ликовни и графички илустрации.

Ликовно-графичкиот израз е слободен и е по избор на самите автори, а може да конкурираат заинтересирани автори од сите генерации. Трудовите во неограничен број треба да се испраќаат на мејлот: feniksmk@hotmail.com

Избраните најдобри ликовни и графички илустрации ќе бидат објавени, хонорирани, но и наградени. Целта на овој Конкурс е да се откријат, афирмираат и презентираат нови ликовни и графички творци во Република Македонија.

Image (4)

ПЕТНАЕСЕТ НОВИ ЕЛЕКТРОНСКИ КНИГИ НА “МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕНТ”

Издавачката куќа „Македонија презент“ во пресрет на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, на својот портал www.makedonijaprezent.com.mk деновиве објави 15 нови електронски книги.

Во првото коло од едицијата електронски книги се објавени дела од: Зоран Ѓериќ, Драган Драгојловиќ, Саша Хаџи Танчиќ, Борис Над, Небојша Озимиќ, Стеван Бошњак (Србија), Олга Лалиќ Кровицка (Полска), Жарко Милениќ, Сабахудин Хаџиалиќ (Босна), Васил Толевски, Александар Прокопиев, Ахмет Селмани, Марина Мијаковска, Христо Петрески (Македонија) и Вања Ангелова (Бугарија).

Едицијата со електронски книги на порталот „Македонија презент“ е меѓународна и во иднина ќе продолжи да се проширува и публикува, заедно со месечните изданија на електронските портали „Македонија презент“ и „Нова критичка и есеистичка мисла“.

goce-delcev

Наградата „Гоцева Мисла“ за Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз

Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на Зафир Хаџиманов, Вања Ангелова и Миле Топуз. Зафир Хаџиманов е наш истакнат пеач, актер и писател, кој живее и работи во Србија, Вања Ангелова е универзитетски професор од Бугарија, писателка и преведувач, а Миле Топуз е доајен на македонскиот стрип и илустрација.

Како што соопштија од Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, која ја доделува наградата, годинашните лауреати се избрани заради нивниот придонес во културолошката мисија, односно развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”. Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, а свеченоста ќе се одржи на крајот од месец февруари во Културниот центар „Феникс“.

Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Македонија-Србија), Жан – Патрик Конрад (Франција) и Кирил Темков (Македонија).

anafrank

Добитници на наградата Ана Франк: Стакиќ, Сапунџиева, Пеневски

Годинашни добитници на Меѓународната награда Ана Франк се: Мирјана Стакиќ (Србија), Алтенка Сапунџиева (Бугарија) и Зоран Пеневски (Србија).
Наградата ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.
Наградата се доделува за нивниот севкупен книжевен придонес, а посебно на планот на културната соработка и размена на литературите на Балканот.
Проф.д-р Мирјана Стакиќ е родена во 1973 година во Владичин Хан (Србија). Живее на Златибор и работи како вонреден професор на Педагошкиот факултет во Ужице (Универзитет во Крагуевац). Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици, а романот Приказната на Ана е објавен во Америка и Турција. Автор е на голем број учебници, монографии, научни и стручни трудови. Член е на Здружението на писателите на Србија.
Алтенка Сапунџиева (уметнички псевдоним Латинка Златна) е родена во 1957 година во Ловеч (Бугарија). Има објавено десет стихозбирки и една прозна книга. Преведува од македонски, српски, босански и хрватски јазик и досега има преведено над 50 автори. Нејзините стихови се преведени на голем број јазици и добитник е на повеќе награди и признанија. Член е на Сојузот на бугарските писатели.

Зоран Пеневски е роден во 1967 година во Панчево (Србија). Тој е автор на повеќе романи и графички романи, сценарист и преведувач. Пишува за деца и млади. Живее и работи во Белград. Автор е на романите: Помалку битни злочини, Траги на отсуството, Полноќ на твоите раце и Лектор, како и на повеќе графички романи. Има преведено над 50 книги од англиски, германски и македонски јазик. Неговите дела, исто така, се објавени во странство – на англиски, француски, холандски и македонски јазик.

hgh02

Финансиска поддршка

Министерството за култура на Република Северна Македонија во 2020 година ќе го поддржи со финансиски средства објавувањето на следниве пет книги:

  1. Јазикот на светлината од Сузана В. Спасовска
  2. Пукнатина во светлината од Билјана Станковска
  3. Здив пред огледало од Христо Петрески
  4. Воскресение /  Experience од Мирче Нешовски
  5. Обденица од Петко Шипинкаровски

Исто така, Министерството за култура на Република Северна Македонија ќе поддржи објавување и на четири броеви од списанието Селект во издание на Македонија презент.