Сега знам,
сега е доцна за разговор
со бестелесната опсесија на сонот, никој не испловил
од понорниците на животот.
Брату,
пријателу,
биди спокоен на оваа пловидба по вселенските океани,
оти сите ќе сме ти
вечни чувари
на заветот кон иднината,
кон вистината,
кон Тебе.