Image

Трајче КАЦАРОВ: ЉУБОВ ПО СМРТТА

Кога човекот ќе умре
тогаш оживува
Почнува погласно да говори
И длабоко да размислува
Секој збор му се слуша
Мислата му се почитува
Чекорот му се следи
Станува убав како на Бога
Да му го украл лицето
А прегратката?
О, прегратката негова
Го топи и најцврстиот челик
Кога човекот умре
Тој станува човековиот
Најискрен пријател
Никаде не се оди без него
Животот без него е незамислив
Секогаш се пие и се јаде
Во негово друштво
Станува силен и станува снажен
Зашто кога човекот умре

Оживува љубовта кон него.