Image

Трајче КАЦАРОВ: НЕ ТРЕБА ДА СМЕ БЛИСКИ

Ме плаши тоа
Да станеме љубовници
Зашто тогаш ќе имаме љубов
Ама живот ќе немаме!
Не, не треба да се будиме
И разбудуваме во исто време
Да се чекаме и дочекуваме
На исто место
Ме плаши ако имаме
Заедничка несоница
И заеднички утнати векови
Ти држи се за  својот
Јас за мојот млечен пат
Не, не тереба заедно
Да го сакаме Достоевски
И заедно да ја презираме
Тоналноста на модернистите
Секој со својот долг
Ти со капките роса
Јас со нектарот од винова лоза
Не, не треба да сме блиски
Ме плаши тоа
Да бидеме љубовници
Зашто така ќе имаме љубов

Ама  живот во бракот ќе немаме!