Image

Трајче Кацаров: КНИГАТА

По повод Светскиот ден на книгата

Печатарот Тапи објави книга што не можеше да ја види, ниту да ја прочита. Како што книгата ја отпечати така ја даде на господинот Умов, кој исто така не можеше ниту да ја види, ниту да ја прочита. Умов како што ја доби така ја даде на господинот Сегледов. Овој откако не можеше ниту да ја види, ниту да ја прочита ја даде на господинот Думов, овој пак на господинот Слухов. Овој побрза и ја даде на господинот Сештозборов. И така книгата се пренесуваше од раце на раце и сите зборуваа за неа, но и за печатарот Тапи.