trajce

Трајче Кацаров: ЗА БОЛЕСТА И РАСКАЖУВАЧИТЕ

(по примерот на Хармс)

Коце Капале раскажал на Кице Курле дека е болен. Кице Курле не му поверувал зашто не видел никаква трага од болеста на лицето на Коце Капале. Сепак за неговата болест раскажал на  Спиро Урда. Овој не му поверувал зашто не можел во раскажаното  на Кице Курле да најде причина поради која Коце Капале би бил болен. Сепак стокмил  приказна и ја раскажал на Дуле Сурла. Овој не му поверувал зашто не можел во раскажаното  на Спиро Урда да најде причина поради што Коце Капале би бил болен. Сепак стокмил приказна и ја раскажал на Симо Беља кој исто така не му поверувал.

Болеста од еден на друг се ширела, се ширела без да се најде  болен и некој кој на приказната ќе и’ поверува. На крајот кога немало повеќе кој за болните да прикажува, болеста се самоизолирала и почнала да тажи.  Знаела таа дека времето не се враќа назад, ама без болните не може ниту да се повтори.

Зумбер Бесни му кажал на Томе Потни дека завршил светоот. Овој не му поверувал оти не можел да најде причина поради која Зумбер Бесни би му кажал на Томе Потни дека завршил светот.