marinagocevska

СТАТУА ВО НОЌТА

Отвори ги очите
и прегрни го
тоа што недостасува.
Создади статуа на несовршенство
и остави ја
да самува во ноќта.
Можеби, ќе го
пронајде делот на
совршената магија,
а таа ќе те врати од длабоките
и црни ќелии.
Велиш, мрачно е во ноќта,
но, во рушевините на срцето.
Мракот блеска како катран
извајан од пепелта на немирот.
Марина Гоцевска, Кочани