Февруарска студена ноќ
снежни соспи облија трепки,
мразулци осветлија пат
тешки воздишки и стравичен грч
патот од краток, ноќва е долг…
Молбен глас екна в темнина
по човекот идол да ме чека.
Страв чекорот го успори,
стегна душа и изусти на глас:
„Чекај ја нашата прегратка“
„Чекај аманет, да слушнам“!
Снегот го враќаше борбениот од
храбро чекорев по него…
Болнички мирис врати надеж.
Се слушна болен извик:
„Чувајте го моето сугаре“!
Втренчено остана тело во одаја.
Замаглено око и солза ме дочека.
Прегратка остана за на век,
последна солза кладов душа.
Татковата солза водилка е моја,
око замаглено ме прати и денес.
Молбен поглед секое утро,
aнгели да го чуваат ликот редок.