crvenkapa

Мирослава Бадаревска (псевдоним Викторија Македонска): БАЈКИ ВО СТИХОВИ

СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ
Виличке моја миличке
да ми дадеш чевлички,
со кои ќе летам
низ светот ќе шетам.
И килимче шарено
што крила нема,
а во своја прегратка
со љубов ме зема.
Да ми дадеш кавалче
со кое ќе свирам,
и лугето закарани
веднаш ќе ги смирам.
Виличке, моја миличке
во светот на бајки,
сакам јас да идам
чудеса да видам.
СОНУВАНИ БАЈКИ
Во светот на бајките
бестрашно идам,
сите убави принцези
сакам да ги видам.
Ја видов Црвенкапа
со кошница во рака,
низ шумата иде-ака
баба да ја види сака.
А змејот страшен
со девет глави,
упорно ги плаши
децата наши.
Џуџињата доброчудни
со злато полни торби,
сложни песни пеат
ха, ха, ха се смеат.
Уште многу други
сакам јас да видам,
но сонот ми се скрши

бајката ми заврши.