Има денови кога солзите сами течат
како оловни мориња паѓаат
го прободуваат срцето
паѓаат како страшни громови
и се трупаат, се трупаат
како лоши зборови, како тешки спомени
скаменети сме како кипови во тие денови
мајка ми и нејзините нови пријатели само кимаат
кимаат, кимаат долго со главите во сонот
тогаш не знаев дека таа е мртва
пукам како стакло што пука
а Јејтс во мене рецитира без престан, без престан
не можам без него, без тебе
но, нема спасение за нас
затоа почивај во мир ти моја скапа, вистинска љубов
цела ноќ во мојата кујна се обидувам да излезам од овој тежок живот
како дрво во зима сум
имам 47 ќерки
има велам:
ништо, ништо што е вистинско не може да не живее
кога ќе бидам излечена, кога ќе си отиде тагата
кога ќе почне да исчезнува тагата
нема да можеме да ја слушнеме како си оди